Пред почетокот на манифестацијата „Струмички Карневал“ екипи од Ј.П.К.Д. „Комуналец“ реализираат акции за уредување и расчистување на централниот дел од градот. Уредување е извршено на сите пристапни улици до булеварите каде ќе продефилираат учесниците во овогодинешната карневалска поворка.