Генерално летно чистење на долниот дел од каналот на „Крушевска Република„

Генерално летно чистење на долниот дел од каналот на „Крушевска Република„

1422
0
АКЦИЈА

ЈПКД „ Комуналец „ – Струмица започна со генерално летно чистење на долниот дел од каналот на „Крушевска Република„ со што се превенира создавање на поплави од поројни дождови во летниот период. Во акцијата е соберена и депонирана сета трева и исушени растенија кои беа претходно третирани со средство за сушење, сите нови израстоци на трева и растенија во каналот и околу него се сосечени и соберени. Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел на градот за посовесно однесување и забрануваме секакво фрлање на одпадоци во каналот. Домакинствата својот отпад да го пријават на телефонскиот број 13-110 за да може истиот да биде навремено подигнат.