Покрај тоа што Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица врши собирање на смет два пати неделно низ 4 реона низ градот и Централното градско подрачје и низ 3 реони по населените места, одржување на јавна чистока со метење на улици низ градот со 9 екипи 6 дена во неделата, секојдневно се појавуваат нови депонии од градежен шут, стар намештај и гранки од дрвја околу и во контењерите кои се поставени низ градот, а служат исклучиво само за смет од домакинствата. Голем број несовесни граѓани со тоа ја загрозуват својата безбедност, безбедноста на пешаците и возилата, создаваат лоша слика за градот. Правилното депонирање на кабастиот отпад и градежниот шут има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење. Според Законот за јавна чистота, не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите и дворовите, граѓаните и правните субјекти да го оставаат во или околу контењерите за комунален отпад. За да се спречи оваа несакана појава ЈПКД „ Комуналец „ апелира и ги ивестува сите граѓани ваквиот тип на отпад да го оставааат пред своите дворови и да се јават во Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, за да може истиот да биде навремено подигнат.