AПЕЛ: Да престанеме со несовесното фрлање на отпад

AПЕЛ: Да престанеме со несовесното фрлање на отпад

1161
0
АКЦИЈА

Многу пати сме пишувале за ова, и нечесто сме мета на критики од граѓаните за новонастанати депонии кои ги создаваат несовесни граѓани кои својот отпад го оставаат на места кои не се предвидени за тоа, и создаваат лоша слика за градот. ЈПКД “Комуналец“ повторно апелира до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не ги одложуваат во и покрај садовите за отпад. Ваквото несовесно одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут е забрането со Законот за јавна чистота и подлежи на парични казни и санкции. Садовите за отпад што се поставени на јавни површини не се наменети за одлагање ваков тип отпад туку за собирање на комуналниот отпад од индивидуалните и колективните домаќинства. Според Законот за јавна чистота, не е дозволено ниту градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните да го исфрлат во садовите за отпад. Покрај акциите што се организираат во Општина Струмица ЈПКД „Комуналец“- Струмица  доколку ѓраганите имаат потреба транспортот да се изврши со специјалните возила на претпријатието, оваа услуга може да ја побараат на телефонскиот број: 034 325 909.