О Г Л А С за продажба на утврден расход на основни...

О Г Л А С за продажба на утврден расход на основни средства и опрема сопственост на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица по пат на јавно наддавање

126
0
АКЦИЈА

Врз основа на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, број  02-2049/4 од 21.05.2024  год.  ,  Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, број 02-2049/5  од 21.05.2024  год.  и Одлуката за продажба на утврден расход на основни средства и опрема по пат на јавно наддавање по втор патброј 02-4597/3 од 03.10.2024 год. и член 34 став 12 од Статутот на ЈПКД “Комуналец“ – Струмица, Комисијата за спроведување на постапка за јавно надавање на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица со седиште на ул.“Kлимент Охридски“ бр. 35б во Струмица  ,објавува


О Г Л А С

за продажба на утврден расход на основни средства и опрема сопственост на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица по пат на јавно наддавање   по втор пат

1.Предмет на продажбата  се расходувани основни  средства и опрема кои се  сопственост на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица:

– Волксфаген Пеатон 5.0 ТДИ СР – 5111 – АБ,

– Волксфаген Транспортер ТМВ СР – 7503 – А

2.Предметот на продажбата од точка 1 е делив.

3.Примопредавањето на возилата ќе се врши по принципот  видено – продадено.

4.Почетната цена за јавното наддавање за возилата е

– Волксфаген Пеатон 5.0 ТДИ СР – 5111 – АБ      –                  200.000,00 денари;

– Волксфаген Транспортер ТМВ СР – 7503 – АЕ   –                150.000,00 денари;

5.Возилата се наоѓаат на адреса “Климент Охридски“ бр. 35 б – Струмица , во плацот на претпријатието.

6.Преглед на возилата може да се врши секој работен ден од 15.10.2024 год. до 25.10.2024 год. во временски интервал од 13,00 до 14,30 часот.

Најава за преглед на возилата се врши претходниот ден на следниот телефон 034 346-341.

  1. Право на учество имаат сите физички и правни лица кои до денот на јавното наддавање ќе уплатат депозит од 20% од почетната цена на секое возило за кое лицитират а е наведено во точка 4 од огласот.
  2.   Пријавата за учество е задолжителна и треба да содржи: податоци за учесникот и негова адреса, документ за идентификација, овластување за учество во јавно наддавање, ЕМБ/ЕДБ, број на сметката и назив на банката за враќање на уплатениот депозит.
  3. Пријавата за учество може да се подигне од Архивата на претпријатието на ул.“Климент  Охридски“ бр. 35б Струмица.
  4. Депозитот за учество на јавното наддавање да се уплати на сметка на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица и тоа: 200000003051321 -бanka deponent: Stopanska banka,односно : 300030000082630- бanka deponent: Komercijalna banka .   со назнака   “депозит за возилo  за кое  се врши јавното наддавање.“.
  5. Склучувањето на договорите за продажба со ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, сопственик на возилата ќе се врши во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање.
  6. Уплатата на преостанатиот износ на средствата се врши во рок од 10 дена од денот на склучувањето на договорите  со сопственикот на возилата.
  7. Предавањето на возилата се врши по уплатата на износот на средствата.
  8. Уплатениот паричен депозит од најповолниот наддавач се засметува во постигнатата цена.
  9. Паричниот депозит на наддавачите кои немаат статус на најповолни наддавачи, се враќа со поднесување на барање
  10. Продажбата ќе се одржи на ден 28.10.2024 година во 10,00 часот во просториите на дирекцијата на претпријатието на ул.“Климент Охридски“ бр. 35 б – Струмица.
  11. Понудувачите своите понуди да ги достават во затворен плик без никаква назнака , половина час пред почетокот на продажбата во архивата на јавното претпријатие.
  12. Понудите пристигнати после овој рок ќе се сметаат за закаснети и комисијата нема да ги разгледува.
  13. Комисијата за спроведевање на постапката за избор на најповолен понудувач ќе го избере понудувачот кој доставил највисока прифатлива понуда.
  14. За изборот на најповолни понудувачи поединечно , сите учесници во наддавањето ќе бидат известени писмено во рок од 3 (три) дена од денот на изборот.

За поблиски информации заинтересираните лица да се јават на телефон 034 346-341.

  Комисија за спроведување на постапка за јавно наддавање ЈПКД“Комуналец“ – Струмица