Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, освен редовното собирање на смет, метење и чистење на улици и тротоари започна и со чистење на јавните површини кои се наогаат покрај тротоарите низ градот. Денес околу Средното земјоделско училиште ,,Димитар Влахов,, се исчистија тротоарите од трева и нискостеблести растенија. Сепак се апелира до сите граѓани својот отпад да не го истурат на јавните површини туку во кантите за отпадоци, а својот градежен шут и кабестиот отпад (материјали од кроење дрва и средување на дворовите) да го пријават во Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, за да може истиот да биде навремено подигнат.