Согласно со најновите препораки на Владата за намалување на заострените мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот и препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, ЈПКД „Комуналец„ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05 до 17 часот,освен недела и државни празници. Поради новонастанатата ситуација се известувааат и сите земјоделски производители од Струмица и југоисточниот регион кој ги користат услугите на Кванташкиот пазар да не доагаат порано,се со цел да се избегнат создавање на непотребни гужви и групирања, и пред се да ги почитуват мерките на владата за заштита од корона вирусот.