Известување

Известување

1244
0
АКЦИЈА

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ЈПКД „Комуналец“ – Струмица во соработка со Општина Струмица и Територијалната професионална противпожарна единица редовно и секојдневно врши дезинфекција на улиците на градот Струмица. Воедно се врши дезинфекција и на тротоарите и пешачките зони низ градот. Вработените од одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД “Комуналец “ денес започнаа и со дезинфекција и поправка на сите метални контењери како и дезинфекција на местата каде што се поставени. Со тоа вработените во ЈПКД „ Комуналец“ со сите свои ресурси се вклучуваат во превенцијата, дезинфекцијата, и отстранувањето на сметот со што дава допринос за стопирање на ширењето на вирусот. Сепак се молат сите граѓани посебно во овие моменти да се однесуваат одговорно, да го депонират сметот исклучиво во определените контењери, и пред се  да ги следат препораките на Владата за ограничено движење.

АКЦИЈА
претходниот член,Известување
Следната статија