Екипи од ЈПКД ,, Комуналец,, започна со чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“ Рачно и со механизација се врши есенско чистење на поројот од треви кои вегетирале во летниот и есенскиот период, и од разновиден отпад фрлен во него. Се апелира посебно до граѓаните кои живеат покрај каналот , својот отпад да не го фрлаат во него туку истиот да го пријават на телефонски број 034 325 909 за истиот да биде подигнат.