Општина Струмица апелира до жителите на Просениково да не се приклучуваат за...

Општина Струмица апелира до жителите на Просениково да не се приклучуваат за да не дојде до влошување на состојбата со фекалниот канализационен систем

2053
0
АКЦИЈА

На новоизградената фекална канализација во населеното место Просениково, регистрирано е приклучување од страна на месното население, односно, препумпување на фекалии од септичките јами во најблиските ревизиони шахти. Ова може да предизвика оштетување и блокирање на фекалната канализација за која што се уште не е извршен технички преглед.
Имајќи во предвид дека реализацијата на проектот се уште не е завршена и не е направен технички преглед, Општина Струмица апелира до жителите на Просениково да не се приклучуваат за да не дојде до влошување на состојбата со фекалниот канализационен систем.