Нова атмосферска канализација на улицата „Атанас Караманов“

Нова атмосферска канализација на улицата „Атанас Караманов“

2705
0
АКЦИЈА

На улицата „Атанас Караманов“ се поставува нова атмосферска канализација со цевки со димензија Ф-400 и се врши реконструкција на сливниците. Со реализација на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода и ќе се реши проблемот со поплавување, но и со тешко движење на возила низ улицита.