JПКД “Комуналец“ на ниво на својата задача во одржувањето на чистотата време...

JПКД “Комуналец“ на ниво на својата задача во одржувањето на чистотата време на “Струмичкиот Карневал“

1936
0
АКЦИЈА

Над 2 илјади маскирани луѓе во интернационалната карневалска поворка, повеќе илјади посетители од земјата и странство, уживаа во раскошот на Струмичкиот карневал. Карневалското расположение од плоштадот по улиците и угостителските објекти траеше до раните утрински часови. Струмица го потврди своето мајсторство за организирање на најмасовна манифестација под маски и местото меѓу дваесетте најдобри во светот. Службите задолжени за безбедноста, ЈПКД “Комуналец“ за хигиената и редот, придонесоа „Струмичкиот карневал 2019“ да помине во најдобар ред. По главното дефиле на карневалот и по  вчерашното издание на “Детскиот карневал“, денес во рамките на карневалските свечености денеска во Струмица ќе биде одбележан „чист понеделник“, првиот ден од велигденските пости. Традиционално на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ ќе биде поделен бел грав.Од ЈПКД “Комуналец“ беа на ниво на својата задача во одржувањето на чистотата на градот.