Градот подготвен за овогодинешниот “Струмички Карневал„

Градот подготвен за овогодинешниот “Струмички Карневал„

2370
0
АКЦИЈА

Во тек е организацијата за овогодинешното издание на Струмичкиот Карневал. ЈПКД “Комуналец“ како и секоја година ги стави на располагање своите технички и човечки ресурси на одборот за организација на карневалот, за да се задржи континуиететот на квалитет на манифестацијата која е заштитен белег на градот. Пред почетокот на  манифестацијата „Струмички Карневал“  екипи од одделението „Комунална хигиена“ реализираат акции за уредување и расчистување на централното градско подрачје, влезовите и излезите од градот. Генерално чистење и уредување е извршено на сите пристапни улици до булеварите каде ќе продефилираат учесниците во овогодинешната карневалска поворка. Минатата година низ улиците на Струмица поминаа околу 2.000 учесници. Имаше групи на учесници од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили. Околу 50 000 посетители беа регистрирани како гости дојдени да ја почуствуваат карневалската магија на градот. Но ниту една активност на ЈПКД “Комуналец“ не е доволна без  поддршка од граѓаните. Затоа апелираме и оваа година, Струмица да ја покажеме во вистинско светло на Европски чиста и уредена Општина.