Украдени над 40 капаци од сливници

Украдени над 40 капаци од сливници

2433
0
АКЦИЈА

Капаци за сливници за канализација се украдени викендов на повеќе локации во градот. Секторот “Водовод и канализација“ при ЈПКД “Комуналец“ ги алармираше сите надлежни институции дека кражбите се многу зачестени и оти исчезнуваат капаци и на најфреквентните улици во градот. Отворените капаци може да предизвикаат сериозни проблеми за сите што редовно се движат по тротоарите и коловозите. Вистинска среќа е што нема повредени или евентуални поголеми оштетувања на возилата, затоа што само во последните три дена се украдени 40-ина капаци од сливници. Проблемите што се создаваат со украдените капаци не се само закана за безбедноста на граѓаните туку претставуваат и трошок за јавното претпријатие. Екипи постојано се на терен да ги санираат состојбите, да ги затворат дупките и да постават нови капаци. Ги повикуваме граѓаните доколку забележат ваква појава веднаш да пријават во најблиската полициска станица, како и на нашиот дежурен телефон  034/325 909 или на нашата официјална фан страна на Фејсбук.


Линк до ЈПКД “Комуналец” Струмица / Facebook