Уредување на дрвјата во дворот на дом на АРМ

Уредување на дрвјата во дворот на дом на АРМ

2479
0
АКЦИЈА

Екипите на „Одделение за одржување и управување со јавно зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ почнувајќи од 27.09.2018 год. (четврток), ќе спроведат акција за уредување на дрвјата во дворот на домот на АРМ. Со оваа активност ќе се изврши кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од стручни лица. На овој начин ќе се обезбеди соодветна подготовка на дрвјата пред есенсо-зимскиот период.