Започна есенското хортикултурно уредување

Започна есенското хортикултурно уредување

2756
0
АКЦИЈА

Општина Струмица во заедничка акција со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работна единица од одделението “Управување и одржување на јавни зелени површини“ почна со хортикултурно уредување на жардинериите во центарот на градот. Вработените денеска работеа на расчистување на кружниот тек на Бул. “Гоце Делчев“. Акцијата продолжува на целата територија на Општина Струмица.Потоа ќе следи нивно хортикултурно уредување со нови тревници, како и садење на нови цвеќиња. Со овој зафат општината ќе го подобри градското зеленило и ќе ги разубави зелените површини со цел подигање на стандардите на живеење на граѓаните.