Во рамките на акцијата за уредување на населените места која што ја спроведуваат Општина Струмица и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Паркиралишта Струмица“, денеска во населеното место Дабиле се уредува паркот. Се поправа оштетениот ѕид и целиот парк ќе биде ограден со нова ограда. Истовремено во Добрејци и Градско Балдовци продолжува чистењето на каналите.