Во рамките на ЈПКД “Комуналец“ – Струмица делува Сектор ,,Управување и одржување јавно зеленило и пазари,,во чиј состав е и одделението,,Зеленило ,,чија основна задача е одржување на јавното градско зеленило. Согласно со одлуката на Советот на општина Струмица се врши одржување на јавните селени површини. Дел од јавните селени површини се одржуваат интензивно, а дел екстензивно. Под интензивно одржување подлежат следните површини:
- Парковски зелени површини
- Зелени површини на булеварите
- Зелени површини кои по урбанистичкиот план се од јавен карактер и тоа:
– ул“Благој Јанко Мучето“
– плоштад Гоце Делчев
– зеленило кај Екстрим
– зеленило кај Тинекс
– кружен тек на ул “Балканска“ и “Маршал Тито“
– крижен тек на ул “22 Декември“ и “Орце Николов“
– зелена повржина на ул “Брака Миладинови“
– зелена површина на ул “Братство и Единство“
– зелена површина на ул “Климент Охридски“
– зелена површина на ул “Маршал Тито“
Под екстензивно одржување подлежат дрворедите и зелените површини околу детските игралишта во градот.
Динамиката и интензитетот на одржување на јавното градско зеленило е одредена согласно со Оперативната програма, истото се врши согласно со прегледите кои се составни делови на Програмата со кои ке се вградат и содржат сите елементи на одржување на градското зеленило со сите негови пропратни делови како и мерки за негово збогатување и реконструирање.
- ПАРКОВСКИ ПОВРШИНИ
Во парковски површини спаѓаат следниве:
- Парк пред Собрание____________________3.250 м2
- Градски парк (прв дел)__________________22.575 м2
- Градски парк (втор дел)_________________16.493 м2
- Градски парк (трет дел)_________________50.000 м2
- Бежански парк__________________________ 860 м2
- Парк „29 Ноември“______________________ 750 м2
- Вкупно: 928 м2
- ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ НА БУЛЕВАРИ
Во зелени површини на булевари спагат следниве:
Во зелени површини на булевари спаѓаат:
- бул. ,,Маршал Тито” ____________________ 1.391 м2
- бул. ,,Ленинова” ________________________ 918 м2
- бул. ,,Гоце Делчев” _____________________ 850 м2
- бул. ,,Балканска” _______________________ 700 м2
- бул. „Климент Охридски“ ________________1.100 м2
Вкупно:_______________________________ 4.959 м2
- ДРУГИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ
Во другите зелени површини кои се од јавен карактер и кои се под интензивно
одржување се:
- ул ,,Благој Ј. Мучето” _________________________ 700 м2
- плоштад ,,Гоце Делчев” _______________________ 280 м2
- зеленило пред ,,Отекс”______ _________________ 250 м2
- зеленило кај супер маркетот ____________________ 50 м2
- кружен тек на ул „Балканска”__________________ 172 м2
- кружен тек на ул „22 Декември” ________________ 410 м2
- зелени површина на ул ,,Брака Миладинови” _____ 357 м2
- зелена површина на ул “Климент Охридски” _____1 100 м2
- зелена површина на ул ,,Братство и Единство”_____ 78 м2
- кружен тек на ул.Климент Охридски”_____________ 452 м 2
- зелена површина на ул.”Маршал Тито” __________1 030 м 2
- кружен тек на бул.„Гоце Делчев“_________________ 275 м2
- кружен тек на бул.„Маршал Тито“ ________________ 310 м2
- кружен тек на бул.„Ленинова“____________________ 51м2
Вкупно: ____________________________________ 5.515 м2
Основната дејност на Одделението ,,Зеленило,, е одржување на јавното градско зеленило, а додека дејноста расадничко производство ја потпомага основната дејност преку производство на цветен расаднички материјал.
ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА ТЕКОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА ГРАДСКОТО
ЗЕЛЕНИЛО И ДИНАМИКА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ
ОПЕРАЦИИ ВО 2017 година
ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ
Реден
број |
ВИД ОПЕРАЦИЈА | Ед.
мера |
Количина | Број на
операции |
1 | Грабулање на трева | м2 | 79047 | 10 |
2 | Машинско косење на тревата | м2 | 79047 | 10 |
3 | Собирање на искосената трева | м2 | 79047 | 10 |
4 | Припрема на цветни површини | м2 | 1016 | 2 |
5 | Садење на сезонско цвеке | м2 | 1016 | 2 |
6 | Прашење на сезонско цвеке | м2 | 1016 | 6 |
7 | Кроење на жива ограда | м2 | 336 | 2 |
8 | Окопување на жива ограда | бр. | 336 | 2 |
9 | Окопување на грмушки | бр. | 3225 | 1 |
10 | Кроење на грмушки и дрва | бр. | 3225 | 1 |
11 | Окопување на ружи | бр. | 5623 | 4 |
12 | Кроење на ружи | бр. | 5623 | 2 |
13 | Чистење на зелени повешини | м2 | 82615 | 3 |
14 | Заливање на зелени површини | м2 | 82615 | 60 |
15 | Сечење на ивици по стази | м2 | 6470 | 2 |
16 | Собирање на отпад со износ | м2 | 82615 | 252 |
17 | Метање на стази | м2 | 5600 | 252 |
18 | Прихранување со минерал. ѓубриво | кг | 4939 | |
19 | Расад сезонско цвеке | бр. | 30800 | |
20 | Вода потрошена за заливање | м3 | 37782 | |
21 | Одржување на дрвореди | бр. | 2385 | |
22 | Заштита на палми | бр. | 32 |
Погледнете ја галеријата