Eкипи од ,, Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ денес продолжија со акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица. Се започна од улицата 24 Октомври т.е од раскрницата кај поранешен Комуналец, и се планира да се кројат дрвјата од двете страни на улицата до државната болница. Поради присуство на механизација со која се кројат и отстрануват сечените гранки се молат сите граѓани да ги отсранат и да не ги паркираат своите возила од 09 до 16 часот. Во исто време се известуваат и останатите граѓани дека за тоа време улицата 24 Октомври ќе биде затворена за сообракај .