31 седница на „ АДКОМ„

31 седница на „ АДКОМ„

147
0
АКЦИЈА

Со цел за поголема соработка и подобрување на работата на Јавните Комунални Претпријатија, денес во Струмица Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ ја одржа својата 31 седница. На седницата на АДКОМ чиј председател е Зоран Горгиев Генералниот Директор на ЈПКД Комуналец – Струмица беа присутни и десет представници на Јавни Комунални Претпријатија од целата држава, се разговараше за минатите и идните активности на зружението а се разменија и искуства од тековното работење за време на пандемијата. На седницата здружението АДКОМ како заменик предтседател го избра Бурим Каба Генерален Директор на ЈПК Стандард – Дебар.