Екипа од Одделението “Комунална хигиена“ заедно со механизација и работници од одделението Градско зеленило при ЈКПД ,,Комуналец,, во изминатите денови изврши чистење на просторот околу Нервното Одделение во Струмица, на кој околните граѓани и покрај секојдневните укажуванја го истурат својот смет. Работниците од ЈПКД Комуналец редовно ги празнат кантите и контењерите од оваа подрачје но сепак непрестано се полни со разен отпад . Апелираме секогаш за совесно однесување со што допринесуваме за почиста животна средина. Секој пријавен отпад ке биде подигнат во најскоро можно време .