Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, денес започна со чистење на населеното место Дабиле. Во акцијата беше изметен магистралниот пат кој минува низ селото и тротоарите. Целата наталожена земја и коров беа собрани и одстранети. Со вакви акции ЈКПД ,,Комуналец,, ке продолжи и понатаму и ке бидат исчистени главните патови низ населените места на Општина Струмица. Секако ги молиме и сите граѓани за посовесно однесување и фрлање на отпадоците исклучиво на местата кои се определени.