Утврдени мерки за зимско одржување

Утврдени мерки за зимско одржување

2179
0
АКЦИЈА

Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ навремено презема мерки за зимско одржување во текот на зимската сезона, која официјално започнува на 1-ви декември, на целокупната патна мрежа на подрачјето на територија на Општина Струмица. Оттаму е потенцирана неопходноста од прецизност и оперативност на плановите за зимско одржување на патиштата заради уредно и безбедно одвивање на сообраќајот. Во магазините и машинскиот парк обезбеден е циклон, технички се подготвени возилата за рапрскување на солта, подготвени се две мали возила за расчистување на пешачките зони, тротоарите, а набавени се и 35 тони сол и 25 тони ризла. Со цел елиминирање на некои слабости, нагласена е  потребата од зголемување на меѓусебната соработка и координација меѓу сите чинители кои се директно поврзани со зимското одржување и функционирање на патиштата, но и потребата од зголемен степен на безбедност  за сите учесници во сообраќајот во зимски услови.