Уредување на општина Струмица

Уредување на општина Струмица

1924
0
АКЦИЈА

Одделениjaта “Комунална Хигиена“, и  “Одржување и управување со јавно зеленило“  при ЈПКД “Комуналец“ започнаа со уредување на улицата помегу Касарната и Монополот. Поточно се врши сечење на гранките  од  дрвјата од двете страни на улицата, чистење на тротоарите од трева и други растенија и собирање на сметот. Покрај останатите активности  екипа  “Одржување и управување со јавно зеленило“  веке цела недела работи и на уредување на градските булевари и делови од градскиот парк каде се врши замена на есенските цвекиња со летни и се отрстрануваат непотребните растенија. Со овие како и со голем број други секојдневни  акции ЈПКД „Комуналец„ го одржува и подобрува урбаниот изглед на Општината и секогаш апелира за подигнување на еколошката свест на граѓаните се со цел за поубав и подобар изглед на местото каде што живееме.