Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ решаваат повеќегодишен проблем на граѓаните кои што живеат на улиците „Ѓорѓи Василев“ и „Боро Поцков“. Секторот за водовод и канализација при „Комуналец“ на спојот на овие две улици изведува сливник за атмосферски води, со што ќе се спречи поплавување на овој дел при обилни врнежи од дожд.