Општина Струмица на време ја согледа потребата од спроведување на соодветни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот и започна со нивна реализација. Во координација со ЈПКД ,, Комуналец ,, уште на почетокот на кризата започна со дезинфекцијата на улиците, тротоарите, јавните површини, урбаната опрема во градот и во населените места, која што се спроведе согласно препораките кои докажуваат ефикасност. Тоа значи дека се врши на одреден временски период и со средства според искуствата и согледувањата од земјите кои први се соочија со овој предизвик. Почитувајќи ги позитивните искуства од примена на средства и временски интервали, во попладневните часови, по започнувањето на полицискиот час, ЈПКД ,, Комуналец,, продолжува со дезинфицирањето на улиците во градот, а посебен третман е спроведен на улиците во периферните делови на градот. Рачно се дезинфицираат и тротоарите и урбаната опрема, а од денес дезинфекцијата продолжува и по населените места по следниот распоред:
Четврток 09.04 Дезинфекција на населените места Дабиле, Просениково и Добрејци со почетокок од 16ч.
Петок 10.04 Дезинфекција на централно градско подрачје на Општина Струмица и рачна дезинфекција на тротоари и урбана опрема. Дезинфекција на населените места Баница, Водоча и Вељуса со почеток од 16ч.
Сабота 11.04 Дезинфекција на населените места Муртино, Сачево, Куклиш, Свидовица, Банско, и Габрово со почеток од 9ч.
Недела 12.04 Дезинфекција на населените места Костурино, Раборци, Попчево и Рич со почеток од 9ч.
Се молат сите граѓани во текот на овој период да ги отстранат паркираните возила од тесните улички како цистерната со дизенфекциониот материјал би можела слободно да поминува. Уште еднаш апелираме до сите да ја почитуваат забраната за движење како и да ги следат најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.