По повод денот на пролетта и идеја на децата, поддржана од Градоначалникот на Општина Струмица , а реализирана од ЈПКД „Комуналец„ денес во градскиот парк беше претставен лавиринтот во форма на срце кој ке биде изграден од 271 зимзелени растенија со површина од 650 метри квадратни. Единствен од таков вид во целата држава ке го збогати изгледот на градскиот во кој секојдневно сите грагани го поминуваат слободното време во чиста и урбано уредена околина. Со ова сакаме да го подигнеме квалитетот на урбаното опкружување, но и да потенцираме дека мора да се промени еколошката култура на сите граѓани, да се чува и одржува урбаната опрема и животната средина која не опкружува сите нас.