Принцип близина
Принципот близина значи отпадот да се третира или oтстранува што е можно поблиску до местото на негово создавање, за да во текот на транспортот на отпадот се избегнат „непосакувани последици“ врз животната средина. При изборот на локацијата за третман или отстранување се почитува принципот близина. Примената на овој принцип зависи од локалните услови и околности, типовите отпад, начинот на транспорт и одлагање како и можностите за влијание врз животната средина. Примената на овој принцип зависи и од економската оправданост. Постројките за третман или депонијата се лоцираат подалеку од местото на создавање на отпадот ако е тоа поекономично. Најголем дел од отпадот се третира или отстранува во областа, односно регионот во кој е произведен. Регионалното управување на отпадот се обезбедува со развојот и примената на регионални стратешки планови засновани на европското законодавство инационалната политика.
Принцип претпазливост
Доколку врз основа на современите научни и технолошко- технички сознанија се заклучи дека одредена активност или вршењето на одредена дејност при управувањето со отпадот би предизвикале штетни последици врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, ќе се преземат соодветни мерки и активности за отстранување на опасноста, пред да се добијат научни докази дека би можело дадојде доштетни последици.
Принцип одговорност на произведувачот
Овој принцип значи дека производителите, увозниците, дистрибутерите, и продавачите кои влијаат на порастот на количините на отпад треба да сносат колективна одговорност за настанувањето на отпадот. Значењето на зборот произведувач во овој контекст е многу поширок од вообичаено. Разгледувајќи го животниот тек на производите, произведувач не е само оној кој влијае на создавањето на отпадот, туку и останатите во тој ланец кои имаат голема улога. Овој принцип укажува дека произведувачите на отпад треба да влијаат на: минимизирање на создавањето на отпадот, развој на производи кои се рециклираат и развој на пазарот за повторно користење и рециклирање на нивните производи.На овој принципсе потпира управувањето со отпадот одпакување на производите. 10.08.2015 11
Принцип хиерархија
Хиерархијата на управување со отпад ги класифицира различните опции на управување со отпадот од „најдобра, најпожелна“ до „најлоша, најнепожелна“ опција, од перспектива на животната средина по следниот редослед:
Превенција – спречување на создавањето на отпад и редукција, односно намалување на користењето на ресурсите и намалување на количината и опасните карактеристики на создадениот отпад.
Повторна употреба, односно повторно користење на производите за иста или друга намена;
Рециклирање или компостирање -третман на отпадот со цел добивање на суровина за производство на ист или друг производ;
Искористување на енергијата содржана во отпадот;
Отстранување на отпадот со депонирање или согорување без искористување на енергијата, ако не постои друго соодветно решение.