За време на продолжениот празничен викенд, екипа од секторот Водовод и канализација при ЈПКД Комуналец изврши поставување на атмосферска канализација на новоизградените станбени објекти во комплексот згради Касарна на потегот на улица “Мајка Тереза”. Со поставувањето на атмосферската канализација се овозможува непрекинато изведување на сите градежни дејствија.