Синоќа помина првата од трите главни вечери на шестото по ред издание на Струмица Опен Фестивал. Околу 20 000 луѓе беа на плоштадот и се забавуваа до раните утрински часови. Екипи на ЈПКД Комуналец по завршувањето на првата вечер од фестивалот беа на терен и го отсранија целиот смет од плоштадот, истиот е исчистен и подготвен за втората вечер од Струмица Опен Фестивал.