Едукативно инфомативна презентација, каде се посетија сите паралелки во основните училишта во Општина Струмица, од прво до петто одделение и тоа: ООУ “Св. Кирил и Методиј” Дабиље, ООУ “Герас Цунев” Просениково, “Гоце Делчев” Вељуса, OOУ “Маршал Тито” Муртино, ООУ “Даме Груев” Куклиш, ООУ “Видое Подгорец” Струмица, ООУ”Сандо Масев”, ООУ “Марпал Тито” Струмица, а во тек е презентацијата пред учениците од ООУ”Никола Вапцаров” Струмица, каде на учениците во кратка презентација им се долови целата кампања и како тие да земат дел од истата. ЈПКД “Комуналец” Струмица ја поздравува несебичната подршка за проектот од одделенските наставници и позитивниот фидбек од учениците кои изразија голем интерес за учество во истиот.