ОГЛАС за вработување на неопределено работно време на даватели на јавни...

ОГЛАС за вработување на неопределено работно време на даватели на јавни услуги и помошно – технички лица

12
0
АКЦИЈА

Врз основа на член 20-г и член 21 став 2 од Законот за вработени во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и Сл. весник на РСМ бр. 143/19 I 14/20), член 22 од Законот за  работни односи, член 11 од Законот за измени и дополнувања на Законот  за јавни претпријатија , член 3 и 7 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, Правилникот за формата и содржаината на јавниот оглас за вработување бр. 01-9368/4 од 09.12.2016 год. а во својство в.д. директор на претпријатието го објавувам следниот:


          ОГЛАС бр. 01 /2026 годиназа вработување на неопределено работно време на даватели на јавни услуги и помошно – технички лица

ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, има потреба од вработување на даватели на услуги и помошно-технички лица на неопределено работно време за следните работни места:

1.1.  Ред. бр. 170 КДР 03 05 Б01 046 – Одговорен хемиски инженер – (Одделение за производство за вода и санитарна контрола – Сектор водовод и канализација)    – 1 извршител,

1.2. Ред. бр. 172 КДР 03 05 Б03 013 – Техничар соработник – (Одделение за производство за вода и санитарна контрола – Сектор водовод  и  канализација)    –  1 извршител,

1.3. Ред. бр. 194 КДР 03 05 Б02 161 – Референт за гробишта – Одделение управување и одржување на гробишта – Сектор комунална хигиена и управување и одржување на гробишта)   – 1 извршител,

1.4. Ред. бр. 54 КДР 04 02 А03 005 – Редар (Одделение за обезбедување на објекти – Сектор за општи работи)    –  1 извршител,

1.5. Ред. бр. 201  КДР 03 05 Б02 076  – Одговорен на смена – сменоводител – (Одделние  зеленило  – Сектор  управување и одржување на јавно зеленило и пазари)   – 1  извршител

Работниот  однос се заснова на неопределено работно време.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови за сите работни места:

– да е државјанин на Република Македонија;

– да е полнолетен,

– да има општа здравствена способност за работното место;

– со правосилна судска пресуда  да не му е изречена казна  за забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови;

4.1. Ред. бр. 170 КДР 03 05 Б01 046 – Одговорен хемиски инженер – (Одделение за производство за вода и санитарна контрола – Сектор водовод и канализација)

– Вид на образование – стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен ( хемија, преработка на анимални производи ),

–  Најмалку  три   година  работно искуство во струката,

–   Паричен износ на плата  –  29.033   денари.

4.2. Ред. бр. 172 КДР 03 05 Б03 013 – Техничар соработник – (Одделение за производство за вода и санитарна контрола – Сектор водовод и канализација)

 – Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV степен, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование (електро, машинско, градежно),

– Најмалку  една година  работно искуство во струката ,

–  Паричен износ на плата – 27.308  денари.

4.3. Ред. бр. 194 КДР 03 05 Б02 161 – Референт за гробишта – Одделение управување и одржување на гробишта – Сектор комунална хигиена и управување и одржување на гробишта)

–  Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации  IV степен , 240 кредити според ЕЦВЕТ или  МКСОО  или четири годишно средно образование (гимназија, земјоделие, градежништво),

–  Најмалку  две  години  работно искуство во струката;

–   Паричен износ на плата  –  28.401   денари.

4.4. Ред. бр. 54 КДР 04 02 А03 005 – Редар (Одделение за обезбедување на објекти – Сектор за општи работи)

   –  Вид на образование – основно;

  –   Со или без работно искуство во струката;

  –   Паричен износ на плата  –  24.455   денари.

4.5. Ред. бр. 201  КДР 03 05 Б02 076  – Одговорен на смена – сменоводител – (Одделние  зеленило  – Сектор  управување и одржување на јавно зеленило и пазари)

–  Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации  IV степен , 240 кредити според ЕЦВЕТ или  МКСОО  или четири годишно средно образование (земјоделие),

–  Најмалку  две  години  работно искуство во струката;

–   Паричен износ на плата –28.40 денари.

Дневното и неделното работно време ќе се организира зависно од програмата за работа на работодавачот , а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

Кандидатите за вработување се пријавуваат на огласот преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работните места.

Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од архивата на претпријатието.

Пополнетите пријави заедно со прилозите кандидатите да ги достават лично во архивата на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица или по пошта на адреса:

– ЈПКД“Комуналец“ – Струмица , ул.“Климент Охридски“ бр. 35 б- Струмица, тел. за контакт: 034 346-341

Заинтересираните кандидати покрај Пријавата задолжително треба да ги достават следните документи:

– кратка биографија;

– доказ за завршено образование;

– уверение за државјанство;

– потврда/доказ за работно искуство;

– доказ дека не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност;

– доказ за општа здравствена способност за работното место;

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето во дневните весници и на интернет страната на претпријатието.

Ненавремената , нецелосната и неуредно пополнетата пријава и документација нема да бидат предмет на разгледување

                   ЈПКД“Комуналец“ – Струмица