ОГЛАС бр. 01 /2025 година за вработување на неопределено работно време...

ОГЛАС бр. 01 /2025 година за вработување на неопределено работно време на даватели на јавни услуги и помошно – технички лица

17
0
АКЦИЈА

Врз основа на член 20-г и член 21 став 2 од Законот за вработени во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и Сл. весник на РСМ бр. 143/19), член 22 од Законот за работни односи, член 11 од Законот за измени и дополнувања на Законот за јавни претпријатија , член 3 и 7 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, Правилникот за формата и содржаината на јавниот оглас за вработување бр. 01-9368/4 од 09.12.2016 год. а во својство директор на претпријатието го објавувам следниот:
ОГЛАС бр. 01 /2025 година
за вработување на неопределено работно време на даватели на јавни услуги и помошно – технички лица


1. ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, има потреба од вработување на даватели на услуги и помошно-технички лица на неопределено работно време за следните работни места:
1. 1. Ред. бр. 202 КДР 03 05 Б03 021 – Главен на блок – Одделение зеленило – (Сектор управување и одржување на јавно зеленило и пазари) -3 извршители ,
1. 2. Ред. бр. 167 КДР 03 05 А03 028 – Раководител на одделение фабрика за вода (Одделение фабрика за вода – Сектор водовод и канализација) – 1 извршител,
1. 3. Ред. бр. 172 КДР 03 05 Б03 013 – техничар соработник – Одделение ф-ка за вода (Сектор водовод и канализација) – 1 извршител,
1. 4. Ред. бр. 43 КДР 04 01 А03 005 – хигиеничар – Одделение за општи работи (Сектор за општи работи) – 1 извршител,
1. 5. Ред. бр. 46 КДР 04 01 А03 007 – Работник за тековно одржување на објекти- Одделение за општи работи (Сектор за општи работи) – 1 извршител,
1. 6. Ред. бр. 209 КДР 04 01 А03 018 – Одржувач на пазар – Одделение пазари ((Сектор управување и одржување на јавно зеленило и пазари) -1 извршител ,
1.7 Ред. бр. 147 КДР 03 05 Б02 089 – Одговорен на смена – сменоводител – Одделение изградба – (Сектор водовод и канализација) – 1 извршител,
1.8. Ред. бр. 171 КДР 03 05 Б02 089 – Одговорен на смена – сменоводител – Одделение ПСОВ – (Сектор водовод и канализација) – 1 извршител,
1.9. Ред. бр. 203 КДР 03 05 В02 015 – Работник во зеленило – Одделение зеленило (Сектор управување и одржување на јавно зеленило и пазари) – 1 извршител,
1.10.Ред. бр.224 КДР 03 05 Б04 018 – Возач на лесно товарно специјално комунално возило- Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација) – 2 извршители,
1.11. Ред. бр. 222 КДР 03 05 Б04 015 – Возач на тешко товарно специјално комунално возило- Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација) – 4 извршители,
1.12. Ред. бр. 223 КДР 03 05 Б04 017 – Возач на средно товарно специјално комунално возило- Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација) – 1 извршител,
1.13 .Ред. бр. 221 КДР 03 05 Б04 014 – Ракувач на градежни машини – Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација) – 2 извршители,
1. 14. Ред. бр. 128 КДР 03 05 В01 004 – Водоинсталатер – Одделение водовод – (Сектор водовод и канализација) – 2 извршители,
1.15. Ред. бр. 186 КДР 03 05 В02 020 – Метач – Одделение комунална хигиена – (сектор за комунална хигиена и управување и одржување на гробишта – 10 извршители.
2. Работниот однос се заснова на неопределено работно време.
3. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови за сите работни места:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна судска одлука да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
4. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови;
4.1. Ред. бр. 202 КДР 03 05 Б03 021 – Главен на блок – Одделение зеленило – (Сектор управување и одржување на јавно зеленило и пазари)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование (земјоделие),
– Најмалку една година работно искуство во струката;
– Паричен износ на плата – 26.955 денари.
4.2. Ред. бр. 167 КДР 03 05 А03 028 – Раководител на одделение фабрика за вода (Одделение фабрика за вода – Сектор водовод и канализација)
– Вид на образование – стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – градежништво и водостопанство,електротехника, хемија,
– Најмалку две години работно искуство во струката , од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку четири години работно искуство во струката , од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
– Паричен износ на плата – 31.784 денари.
4.3. Ред. бр. Ред. бр. 172 КДР 03 05 Б03 013 – техничар соработник – Одделение ф-ка за вода (Сектор водовод и канализација)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование (електо, машинско, градежно),
– Најмалку една година работно искуство во струката;
– Паричен износ на плата – 26.998 денари.
4.4. Ред. бр. Ред. бр. 43 КДР 04 01 А03 005 – хигиеничар – Одделение за општи работи (Сектор за општи работи)
– Вид на образование – основно;
– Со или без работно искуство во струката;
– Паричен износ на плата – 22.125 денари.4.5. Ред. бр. 46 КДР 04 01 А03 007 – Работник за тековно одржување на објекти- Одделение за општи работи (Сектор за општи работи)
– Вид на образование – основно;
– Со или без работно искуство во струката;
– Паричен износ на плата – 22.125 денари.
4.6. Ред. бр. 209 КДР 04 01 А03 018 – Одржувач на пазар – Одделение пазари ((Сектор управување и одржување на јавно зеленило и пазари)
– Вид на образование – основно;
– Со или без работно искуство во струката;
– Паричен износ на плата – 22.125 денари.
4.7. Ред. бр. 147 КДР 03 05 Б02 089 – Одговорен на смена – сменоводител – Одделение изградба – (Сектор водовод и канализација)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV , 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование – машинство, електротехничко, земјоделие;
– Најмалку две години работно искуство во струката,
– Паричен износ на плата – 26.955 денари.
4.8. Ред. бр. 171 КДР 03 05 Б02 089 – Одговорен на смена – сменоводител – Одделение ф- ка за вода – (Сектор водовод и канализација)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV , 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование – хемија, земјоделие, електромашинство;
– Најмалку две години работно искуство во струката,
– Паричен износ на плата – 26.955 денари
4.9. Ред. бр. 203 КДР 03 05 В02 015 – Работник во зеленило – Одделение зеленило (Сектор управување и одржување на јавно зеленило и пазари)
– Вид на образование – основно;
– Со или без работно искуство во струката,
– Паричен износ на плата – 22.125 денари .
4.10. Ред. бр.224 КДР 03 05 Б04 018 – Возач на лесно товарно специјално комунално возило- Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV , 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование ;
– Со или без работно искуство во струката,
– Возачка дозвола со соодветна категорија,
– Паричен износ на плата – 24.057 денари.

4.11. Ред. бр. 222 КДР 03 05 Б04 015 – Возач на тешко товарно специјално комунално возило- Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV , 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,
– Со или без работно искуство во струката,
– Возачка дозвола со соодветна категорија,
– Паричен износ на плата – 24.057 денари

4.12. Ред. бр. 223 КДР 03 05 Б04 017 – Возач на средно товарно специјално комунално возило- Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV , 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,
– Со или без работно искуство во струката,
– Возачка дозвола со соодветна категорија,
– Паричен износ на плата – 24.057 денари
4.13. Ред. бр. 221 КДР 03 05 Б04 014 – Ракувач на градежни машини – Одделение диспечерски центар – (Сектор механизација)
– Вид на образование – стекнати најмалку ниво на квалификации IV , 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,
– Со или без работно искуство во струката,
– Возачка дозвола со соодветна категорија,
– Паричен износ на плата – 27.350 ден.
4.14. Ред. бр. 128 КДР 03 05 В01 004 – Водоинсталатер – Одделение водовод – (Сектор водовод и канализација)
– Вид на образование – основно ;
– Најмалку една година работно искуство во струката;
– КВ /ВКВ квалификација
– Паричен износ на плата – 23.091 денари.
4.15. Ред. бр. 186 КДР 03 05 В02 020 – Метач – Одделение комунална хигиена – (сектор за комунална хигиена и управување и одржување на гробишта)
– Вид на образование – основно;
– Со или без работно искуство во струката;
– Паричен износ на плата – 22. 125 денари.

5. Дневното и неделното работно време ќе се организира зависно од програмата за работа на работодавачот , а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
6. Кандидатите за вработување се пријавуваат на огласот преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работните места.
7. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од архивата на претпријатието.
8. Пополнетите пријави заедно со прилозите кандидатите можат да ги достават лично во архивата на ЈПКД“Комуналец“ – Струмицаили по пошта на адреса:
– ЈПКД“Комуналец“ – Струмица , ул.“Климент Охридски“ бр. 35 б- Струмица, тел. за контакт: 034 346-341
9. Заинтересираните кандидати покрај Пријавата задолжително треба да ги достават следните документи:
– кратка биографија;
– доказ за завршено образование;
– уверение за државјанство;
– потврда/доказ за работно искуство;
– доказ дека не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност;
– доказ за општа здравствена способност за работното место;
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, за раб. место под ред. бр. 2.
– возачка дозвола за раб. место под реден број 10, 11, 12 и 13.
– КВ/ВКВ квалификација за раб. место под ред. бр. 14.
10. Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето во дневните весници и на интернет страната на претпријатието.
11. Ненавремената , нецелосната и неуредно пополнетата пријава и документација нема да бидат предмет на разгледување.

ЈПКД“Комуналец“ – Струмица