Екипи од Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ изминатиот викенд продолжија со акцијата за есенско кроење на дрворедите низ Струмица. Се работеше на улица ,, Ленинова,, од кружниот тек кај Риверсофт. Акцијата продолжува и на 22 Декември (недела) и ке се кројат дрвјата од другата страна на улицата. Поради присуство на механизација се молат сите граѓани да ги отсранат и да не ги паркираат своите возила од 09 до 16 часот. Во исто време се известуваат и останатите граѓани дека за тоа време улицата ,,Ленинова,, ќе биде затворен за сообракај во еден правец.