Оваа работна недела работни единици од одделението “Механизација“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ започна со уредување на јавните површини покрај локалните патишта кон населените места на територија на Општина Струмица. Оваа активност ќе продолжи и во наредните денови планирано е да бидат уредени јавните површини покрај локалните патишта во сите населени места на општина Струмица.