Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска продолжија со интензивно чистење на снегот во градот, населените места и локалните патишта со сите расположливи ресурси, а беше ангажирана и дополнителна механизација. Освен на улиците, тротоарите и пешачките зони во градот, се чистеше во индустриската зона Север, и во населените места Раборци, Рич, Попчево, Куклиш, Свидовица, Банско, Габрово, Муртино, Просениково, Добрејци, Градско Балдовци, Костурино, Вељуса, Водоча и Баница и на патиштата што водат кон нив.
Поради ниските температури кои што се очекуваат во текот на вечерните и ноќните часови, општина Струмица апелира до учесниците во сообраќајот за поголема внимателност, почитување на условите на патот и сообраќајната сигнализација.