Согласно Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија ( Сл.весник на РСМ бр.147/2020 година) се забранува посета на гробиштата на територијата на Република Северна Македонија, освен во случај на погреб, во временскиот период од 21:00 часот на 4 Јуни 2020 година (четврток) до 05:00 часот на 8 Јуни 2020 година (понеделник)