Несовесни лица фрлаат отпад на локации во градот. Таков е случајот со фрлен градежен шут и друг отпад флен покрај контејнерите на улица “Боро Поцков“. Стакло, ќеси со ѓубре и храна, градежен материјал, гранки, делови од скршени апарати за домаќинство е сликата која што можеше да се види овде. Големата акција „Еко фронт – Чиста да ни е“, која во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ по реакција на ѓрагани изврши чистење и отстранување на отпадот. Поради грдата слика и непријатната миризба, но пред се поради тоа што е законски забрането, апелираме до граѓаните да не создаваат диви депонии фрлајќи смет, како и комунален и градежен шут и отпад на недозволени места на јавните површини!