Вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ заедно со директорот Зоран Ѓоргиев, по започнувањето на полицијскиот час продолжија со рачна дезинфекција на тротоарите и урбаната опрема во најфреквентните делови на градот и со возила во дел од населените места.
Покрај редовните дезинфекции кои ги вршиме со возила и цистерни, денеска, и целиот викенд имаме една голема, опсежна акција, во која е вклучен целокупниот менаџмент на ЈПКД „Комуналец„ Струмица. Организирани сме во пет групи, тоа се околу 30-40 луѓе кои се вработени во сите сектори , а ќе бидат опфатени најфрекветните места во градот. Тоа значи главните улици, банките, аптеките, маркетите, односно кадешто имаме најголема фреквенција во текот на денот. Тоа го правиме заедно со општина Струмица и противпожарната единица, а имам и логистичка поддршка од Министерството за внатрешни работи. Се врши дезинфекција и во населените места, утре и в недела. Во недела исто така ќе извршиме уште една дезинфекција за да може градот да биде подготвен за наредниот работен ден, се со цел да го зачуваме здравјето на сите. Имаме ресурси и доволно количини средство за дезинфекција и со добра организација и мислам дека успешно одговараме на потребите од ваков вид во овие вонредни околности, рече директорот Ѓоргиев.
Вчера и денеска дезинфекција се изврши во населените места Дабиле, Просениково, Добрејци, Баница, Водоча, Вељуса, а утре во Муртино, Сачево, Куклиш, Свидовица, Банско, и Габрово.