Една од комуналните дејности, кои ги обавува јавното претпријатие е управување и одржувањето на гробови,гробишта и целокупната комунална инфраструктура на гробиштата.Согласно новата организациона поставеност во склопот на Сектор ,,Комунална хигиена и управување и одржување на гробиштата,,организирано е одделението ,,Гробишта,,.
Со одлука на Советот на Собранието на општина Струмица, капелата и градските гробишта во Струмица се дадени на управување и одржување на ЈПКД“Комуналец“ Струмица. Закопот на покојните од град Струмица се врши на две локации. Едната локација се наоѓа на западниот дел на градот и служи за погреб на покојни од Православната , Католичката или Протестантската вероисповед, со вкупна површина од 115.000м2, а додека на јужниот дел од градот се наоѓаат гробиштата за закоп на покојни од Муслиманската вероисповед.
Капелата и градските гробишта во општина Струмица се основни објекти на комуналната инфраструктура. Овие објекти според својата намена алужат за задоволување на индивидуалната и заедничката комунална потрошувача.
Со оглед на значењето што и се придава на оваа дејност во општеството се наметнува потреба од нејзино подобро и поцелосно организирање, почитувајќи ги обичаите и традициите, кои се резултат на изворната народна култура.
ЈПКД„Комуналец“ Струмица има скучено договор со три приватни оператора за погребалните услуги кои вршат погреб и други погребални услуги на градските гробишта во Струмица.
Управителски услуги
- Според закон за гробишта и погребални услуги погребот се врши откако ќе се издаде Дозвола–Одобрение за погреб.
- Одредување на локација за гробно место.
- Издавање Протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија со определена површина за изградба на гробно место и простор околу гробното место.
- Изработка на договор за носител на гробно место.
- Изработка на Регистер за погребани лица.
Комунална хигиена
- Секојдневно чистење на корпите со смет и носење на сметот до контејнерите.
- Двапати неделно се празнат контејнерите и двапати неделно со трактор се собира сметот, гранките и друг отпаден материјал.
- Во летниот период се врши косење на тревата и прскање на тревата со препарат за уништување.
Косење се врши на дел од зелените површини (тревници), и околу гробните места.
- Во зимскиот период се врши чистење на снегот околу капелата и главните патеки во гробиштата.
- Отварање на нова парцела во високиот дел од гробиштата .
Проширувањето на градските гробишта согласно деталниот урбанистички план ќе продолжи и во 2017година.