Рачно и со механизација се врши генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него. Изминативе денови екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го почнаа чистењето во долниот дел од поројот на улицата „Крушевска Република“ преку чистење на нараснатата вегетација и разновиден отпад. ЈПКД “Комуналец“ апелира посебно до граѓаните кои живеат покрај поројот, својот отпад да не го фрлаат во него. истиот да го пријават на телефонски број 034 325 909 за истиот да биде подигнат.