Денес 03,06,2018 недела, Работни единици од сите одделенија при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ го продолжија генералното чистење на каналот “Крушевска Република“. На терен излегоа градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски и директорот на ЈПКД “Комуналец“ Зоран Горѓиев. Рачно и со механизација се врши генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него. По спроведувањето на оваа акција за генерално чистење, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои што живеат во близина на пороите да не фрлаат отпад во нив, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 и истиот веднаш ќе биде подигнат, а пороите, кои не се депонии ќе бидат чисти, со што ќе биде овозможено да си ја вршат функцијата за која што се наменети.