Од 4-ти јули започна таканаречената Оф- програма на овогодинешното издание на Струмица Опен Фестивал. Синоќа се одржа премиера на филмот “Исцелител“ во Градкиот парк покрај езерцето. Настаните го привлекуваат вниманието на граѓаните во голем број. Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ континуирано ги следи настаните и целокупното одржување на локациите каде се одржуваат. Денес се изврши целосна подготовка на игралиштето во С.О.У “Јане Сандански“ каде вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи “Стреет Баскет“ турнир во склоп на СОФ 2018.