„Чисто како дома исто“ – кампања на ЕУ за поддршка на еко-активизмот...

„Чисто како дома исто“ – кампања на ЕУ за поддршка на еко-активизмот во земјава

1098
0
АКЦИЈА

Делегацијата на Европската унија во земјава реализира  кампања за поддршка на еко-активизмот, под мотото „чисто како дома исто“. Кампањата се навраќа на основите со цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот. Граѓаните  имаат можност да се регистрираат како еко-активисти и да земат учество во акциите за чистење организирани во нивните градови. И активистите и општините ќе можат да учествуваат во предизвикот ‘пред и потоа’.  активностите од кампањата која ќе се реализира во 8 градови под брендот „ЕУ за тебе“, ќе траат до 19 јуни. Притоа, граѓаните можат да се регистрираат како екоактивисти и да учествуваат во акциите за чистење кои ќе се спроведат во нивните градови.Фотографија на Delegation of the European Union, Skopje.


Ксенија Кантурска, промотор на кампањата за територијата на Општина Струмица ни изјави дека се задоволни од интересот на нашите сограѓани за вклучување во истата: „Уште денес во 19 часот ке биде поставен штандот на „ЕКО АКТИВИЗАМ“, во градскиот парк покрај езерцето. „Ќе вежбаме во парк“ и истовремено ќе се грижиме за животната средина.
Ги поканувам сите „ЕКО ХЕРОИ“ да го посетат нашиот штанд кај Езерце, Градски парк –Струмица и да се  пријават  за акциите на локалните групи за чистење. Биди и ти #екохерој.“
ЗА ЧИСТО, КАКО ДОМА ИСТО