Чистење на јавни површини

Чистење на јавни површини

1865
0
АКЦИЈА

Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, освен редовното собирање на смет, метење и чистење на улици и тротоари започна и со чистење на јавните површини кои се наогаат покрај тротоарите низ градот.  На улицата 11 Септември се исчисти јавната површина од трева и нискостеблести растенија со што се подобри изгледот и пред се хигиената на тој дел од улицата. Сепак се молат сите граѓани својот отпад да не го истурат на јавните површини туку во кантите за отпадоци, а својот градежен шут и кабестиот отпад (материјали од кроење дрва и средување на дворовите) да го пријават во Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, за да може истиот да биде навремено подигнат.