Деновиве екипа од Водовод и канализација при ЈПКД ,,Комуналец,, со своја механизација и работници започна со чистење на одводниот атмосверски канал кој се наога од двете страни на главната улица на с. Муртино. Акцијата ке трае до крајот на месецот и е планирано да се исчистат одводните канали од калта која се наталожила за време на есенскиот и зимскиот период. Воедно се молат сите ѓрагани од Муртино својот отпад да го фрлат во поставените канти за отпадоци а сите возачи кој го користат овој патен правец да бидат внимателни поради присуство на луѓе и механизација .