Чистење и уредување на градските гробишта

Чистење и уредување на градските гробишта

1804
0
АКЦИЈА

Одделениjaта “Комунална Хигиена“, “Одржување и управување со градските гробишта“, “Одржување и управување со јавно зеленило“ и секторот “Механизација“ при ЈПКД “Комуналец“ пред започнувањето на  верскиот празник Задушница ја започнаа акцијата за  чистење и уредување на градските гробишта. Со чистењето е опфатен целиот комплекс и се исечени гранките на дрвјата, сите гробни места и патеки се  чистат од треви, бетонски и други остатоци. Истовремено со чистењето  се обновуваат и патеките и се врши хортикултурно уредување. Сепак се молат сите граѓани кои ке ги посетат градските гробишта да ги почитуват најновите препораки на Владата за превенција од ширење на корона вирусот и препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.