Струмица спремна за трите главни вечери на “СОФ 2018“

Струмица спремна за трите главни вечери на “СОФ 2018“

1368
0
АКЦИЈА

Изминатава недела поминаа многу настани од програмата на овогодинешниот „Струмица Опен Фестивал“. “И годинава, најголемата културно-уметничка, едукативна и забавна манифестација во регионот ќе создаде безброј незаборавни летни приказни за сите фестивалџии! Со широко отворено срце дочекајте ги врвните концертни шоуа зачинети со магијата на различностите. Со новото издание на СОФ ја продолжуваме нашата мисија – целосно бесплатна забавна програма за сите возрасти и вкусови“ – напишаа на својата Фејсбук страна организаторите, Здружението „Културен забавен живот“. Јавното претријатие за комунални дејности “Комуналец“ повторно беше на врвот на својата задача, за да се зачува хигиената во градот после секој настан. Во пресрет сме на трите главни вечери на СОФ 2018, на плоштадот Гоце Делчев веќе е поставена главната концертна сцена, штандовите и се прави генерална проба за вечерашното збиднување. ЈПКД Комуналец со сите свои расположливи ресурси е континуирано на терен да овозможи чиста и пријатна средина за опуштено дружење со врвните музички имиња.