Со садење на дрвја во дворот на училиштето и кај пречистителната станица во Струмица,учениците од С.О.У. “Јане Сандански“ се приклучија на глобалната иницијатива „Act now! Save the future!“, која се одржува во рамки на Envirate неделата.
Учениците под менторство на професорката Славица Милева-Ефтимова засадија вкупно 30 дрвја, донирани од ЈПКД „Комуналец“, од кои 13 јасени во училишниот двор и 17 јавори кај пречистителната станица во Струмица. Envirate неделата траеше од 6-ти до 13-ти март и е организирана од глобалните мрежи „Environment Online“ и „Envirate“ и во неа учествуваа 150 училишта од 39 земји. Засадените дрвја беа регистрирани преку мобилната апликација на „Envirate“ и истите беа претставени на картата на апликацијата.