Соларен паркинг за велосипеди

Соларен паркинг за велосипеди

1148
0
АКЦИЈА

Еколошко Друштво Планетум во Струмица во партнетство со ЈПКД Комуналец Струмица кој  воедно беше одговорен и за изведбата на бетонската плоча, и монтажата на конструкцијата. Овој проект на ЕД Планетум е финансиски поддржан од  Општина Струмица преку Г1 програмата.  Дополнителоно во соработка со директорката на  СОУ „Јане Сандански “се  обезбеди монтажа, преку приватна компанија, која изврши инсталација на соларниот систем. Памететниот соларен држач за велосипеди, кој е единствен од таков вид е инсталиран  во дворот на Средното општинско училиште  „Јане Сандански“ Струмица.                                         Станува збор за инсталација,која е прв пат поставена во нашата држава и  која  има 4 соларни панели и сончевата енергија ја претвараат во електрична енергија, со што се придонесува за зачувување на животната средина. Соларниот паркинг за велосипеди не е само обичен паркинг за 13 велосипеди, туку паметен уред, каде може да се наполни батеријата на паметен телефон, лап топ , таблет, како и можност за безжично полнење. Ја  има можноста преку WiFi рутер да се добијат локални податоци и активно мерење на температурата и квалитетот на воздухот. Соларниот држач има свое LED осветлување, шанк подлога. Конструкцијата е галванизиран челик и е АNTI VANDAL производ.                    ЕД Планетум во соработка со ЈПКД Комуналец  и Општина Струмица и овојпат, покажаа  иновативен пристап, преку кој  би ја подигнале свеста кај младите и граѓаните и би ги мотивирале  и другите институции (општински и јавни ) да размислуваат како Струмица да ја претвоирме во „ штедлив “ град и да биде прва и пример за останатите градови.